ПОРАДИ НАСТАНАТАТА СИТУАЦИЈА СО ВИРУСОТ COVID19 ЧАСОВИТЕ СЕ ОДРЖУВААТ ОНЛАЈН И ТРААТ 40 МИНУТИ. МОЖЕТЕ ДА ИЗБЕРЕТЕ ДВА МОДЕЛА НА ИЗУЧУВАЊЕ ДИРЕКТНО И ИНДИРЕКТНО. ДОБИВАТЕ БЕСПЛАТНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ КАКО ПОДДРШКА  (ВИДЕА, ТАБЕЛИ, СКРИПТИ ЗА ПРЕДМЕТИТЕ И СКРИПТИ ЗА ПОМОШ ПРИ КОНЕКЦИЈА). УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК А ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ МОЖЕ ДА СЕ ЈАВЕТЕ НА 077 487 122.

Aufgrund der Situation mit dem COVID19-Virus werden die Stunden online abgehalten und dauern 40 Minuten. Sie können direkt und indirekt zwei Studienmodelle wählen. Sie erhalten kostenlose Zusatzmaterialien zur Unterstützung (Videos, Tabellen, Skripte für Objekte und Skripte für die Verbindungshilfe). Die Einträge sind im Gange und für weitere Informationen und Anmeldungen kann unter 077 487 122 gemeldet werden.


НАЧИН НА РАБОТА ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ГИТАРА

 

СТЕПЕНИ ИСПИТИ СЕРТИФИКАТИ И ДИПЛОМА

Ученикот за да го заврши целиот курс потребно е да усвои 8 степени на знаење кои се утврдени според наставниот програм и план на Центарот. Секој степен се стекнува индивидуално (временски неограничено) и се полага испит за истиот. Испитите се закажуваат по договор помеѓу професорот и ученикот. Откако ученикот ќе усвои степен добива право на сертификат за завршен степен. Откако ученикот ќе ги усвои сите осум степени може да го закаже дипломскиот концерт на кој свечено ќе му се додели дипломата. Сертификатите се доделуваат двапати годишно на божиќниот и завршниот концерт.

 

ЧАСОВИ И ОРГАНИЗАЦИЈА

Ученикот може да избере дали ќе има полн фонд часови (8 часа месечно) со времетраење од 60 минути или неполн фонд на часови (4 часа месечно) со времетраење од 60 мин. Часовите се одржуваат по договорен распоред со професорот. Учениците посетуваат часови групно најмногу до 4 ученика. Во врска со новонастанатата состојба поради вирусот COVID 19 функционира само неполниот фонд на часови 4 часа месечно кои траат 40 минути и наставата наместо во групи се одвива индивидуално и онлајн.

Организацијата на часовите е следна: најпрво се повторува претходниот материјал, се учи новиот материјал, се разработува музичка теорија, скали и се договараме претходно за наредниот час што ќе сработуваме. Во популарниот оддел се изучуваат популарни композиции, акорди, таблатури, интра, солажи, скали, техники на свирење, пеење и комплетна музичка теорија а во класичниот оддел светски познати мастер дела за класична гитара, техники на свирење, опширна музичка теорија и музички форми. И во двата оддела најважен приоритет е правилната постава на инструментот, тонот, гласот и брзиот напредок.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ

Дополнителните активности се составени од работилници, натпревари, концерти, семинари, квизови, фестивали и промотивни настани. Работилниците се одржуваат еднаш месечно каде преку осмислена игра се утврдуваат теоретските знаења. Натпреварите се одржуваат еднаш до двапати годишно после секое тромесечје од полугодието и се на државно ниво. Семинарите се одржуваат после натпреварите и на истите постои шанса ученикот да закаже мастер час со професорот кој ќе го води семинарот. Квизовите се одржуваат секое тромесечје од полугодието и го заменуваат класичниот тест на знаење каде учениците самите увидуваат до каде се нивните теоретски знаења. Концертите се одржуваат двапати годишно едниот за време на божиќните празници а другиот на крајот од учебната година. Фестивалот насловен ВЕЧЕР НА ГИТАРАТА И АВТОРСКАТА ПЕСНА традиционално се одржува на почетокот на учебната година каде учениците ги промовираат нивните авторски композиции кои во текот на летото ги сработуваат и добиваат шанса за награда и признание. Промотивните настани се состојат од гостувања на телевизиски емисии, солистички концерти, и разни проекти кои нудат можност најдобрите ученици да се промовираат. 

 

БЕНДОВИ

Секоја група составена најмногу од 4 ученика а најмалку 2 претставува потенцијален бенд. Учениците кои посетуваат часови заедно можат да оформат бенд и да оформуваат свој репродуктивен и продуктивен репертоар односно да имаат преработки на веќе популарни композиции и лично свои авторски композиции. Бендот потребно е да има свое име. Центарот, бендовите составени од учениците ги поддржува и промовира преку дополнителните активности. Исто така доколку имаат свои авторски песни Центарот ги поддржува како издавач.

МИСИЈАТА НА ЦЕНТАР ЗА ГИТАРА И МУЗИЧКА ЕДУКАЦИЈА EDU GUITAR не е само промоција на гитарата како еден од најпрактичниот инструмент туку и насочување на сите мали, млади и возрасни ученици кон нов, креативен поглед кон самите себе и светот околу нив.

 

УПРАВИТЕЛ

Македонка Ичева Ангелова


                "Посветеноста е клуч за вратата на успехот."