Основател на Центарот за гитара и узичка едукација EDU GUITAR е Македонка Ичева Ангелова која во 2014 година дипломираше на факултетот за музичка уметност во Скопје Р.Македонија. 

   

БИОГРАФИЈА

 

      Најпрво, на осум годишна возраст  почнува да пишува детски песнички - детска поезија. 

Подоцна почнува да свири пијано а после две години се зачленува во мандолинскиот оркестар во основното училиште "Никола Вапцаров" - Струмица. 

Инспирирана од жиците на нејзината мандола таа почнува да учи да свири гитара и така со помош на гитарата 

продолжува да ги извршува наредбите на своето срце кое копнее по музика и песна. 

Така комбинирајќи ги поезијата и музиката таа продолжува со текот на годините да се усвршува чекорејќи се подалеку во тој правец. 

      Средно училиште се запишува во ДМУЦ "Серѓеј Михајлов" -  Штип отсек музичка теорија и педагогија а

студиите ги продолжува во факултетот за музичка уметност во Скопје отсек класична гитара. 

      Во 2011 година таа ја издаде својата прва збирка со поезија насловена "Брегот на мојата младост".

Има снимено неколку свои авторски песни и има учествувано на неколку фестивали. 

Фестивали на кои има учествувано се: 

   - "Изгреваат ѕвезди" во Петрич Р. Бугарија 2004г. - каде настапи со две авторски песни насловени "Ти" и "Добредојдовте во Струмица".

   - "А1 Фешта" во Скопје Р. Македонија 2009г. - каде настапи со авторска песна насловена "Хеј мали".

   - "Софијски вечери на авторската песна" во Софија Р. Бугарија 2012г. каде настапи со две авторски песни насловени "Далеку од тебе" и "Пролет".

Исто така таа има добиено неколку награди и признанија за учество на конкурси за слободна поезија во Штип Р.

Во 2013та година таа го имаше својот прв солистички концерт во Културно Информативниот Центар на РМ во Софија Р. Бугарија.

Во 2014та година дипмомираше на факултетот зо музичка уметност во Скопје отсек класична гитара. А во 2015 година сите нејзини искуства и знаења придонесоа да се основа првиот Центар за гитара и музичка едукација EDU GUITAR во Струмица.